22 August, 2010

Придонесот на Република Mакедонија кон глобалната безбедност, мир и стабилност

Алтеа


Придонесот на Република Македонија во Алтеа претставуваше прв придонес на земјата во рамките на воена операција предводена од Европската Унија. Придонесот кон ЕУ операцијата во БиХ, Алтеа започна (од ноември 2006) со декларирање на хеликоптерски деташман составен од два хеликоптери Ми-8/17 (и персонал 21). По три ротации на хеликоптерскиот деташман и четвртата ротација (јануари –јули 2008) која се изврши со само еден транспортен хеликоптер Ми-8/17 (и персонал 12), во јули 2008 година заврши хеликоптерскиот придонес на Република Македонија кон ЕУ операцијата Алтеа. По огромната загуба на 11 македонски мировници во хеликоптерската несреќа на враќање од успешно завршената хеликоптерска мисија во Алтеа, придонесот (со вкупно 12 лица) на Република Македонија кон ЕУ операцијата Алтеа продолжува со ROLE 1 медицински тим (10 лица) на Кампот во Бутмир (од ноември 2006), правен советник (1) и подофицер за превентивна медицина (1) во Командата на ЕУФОР. Во ЕУ операцијата Алтеа досега учествувале 143 македонски мировници, симболизирајќи го на тој начин македонскиот придонес кон Заедничката европската безбедносна и одбранбена политика и кон регионалниот мир и стабилност.
Во текот на 2010 година Република Македонија го продолжува учеството со истиот обем на лица (вкупно 12). Во тек е осмата ротација на медицинскиот тим, седмата ротација на помошникот правен советник и шестата ротација на подофицерот за превентивна медицина. 
Придонесот на Република Македонија кон операцијата Алтеа претставува потврда на цврстата определба на Република Македонија за силен придонес кон Европската безбедносна и одбранбена политика (ЕБОП) и Заедничката надворешна и безбедносна политика (ЗНБП) на Унијата, како и потврда на севкупните напори на Република Македонија за интеграција во Европската Унија.

3.31 НАДВОРЕШНА, БЕЗБЕДНОСНА И ОДБРАНБЕНА ПОЛИТИКА

3.31.1 ЗАЕДНИЧКА НАДВОРЕШНА И БЕЗБЕДНОСНА ПОЛИТИКА И ЕВРОПСКА
БЕЗБЕДНОСНА И ОДБРАНБЕНА ПОЛИТИКА
ТЕКОВНА СОСТОЈБА 2007
ПРАВНА РАМКА
Правната рамка ја сочинуваат Уставот на Република Македонија, Законот за организација и работа на органите на
државната управа, Законот за одбрана, Законот за заштита и спасување, Законот за управување со кризи, Закон за
класифицирани информации, итн. Законот за надворешни работи, кој се применува од 1 јануари 2007 е составен дел на
правната рамка. Согласно Законот, донесени се неколку подзаконски акти: Правилник за внатрешна организација на
МНР, Правилник за систематизација на работните места во МНР, Правилник за утврдување на дипломатските звања на
вработените во МНР, Правилник за полагање на дипломатски испит за државните службеници во МНР.
ИНСТИТУЦИОНАЛНА РАМКА
Министерството за надворешни работи, Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи,
Министерството за правда, Министерството за економија, Министерството за финансии (Царинска Управа и Дирекција за
спречување на перење пари), Секретаријатот за законодавство, Дирекцијата за безбедност на класифицирани
информации (ДБКИ), Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување се надлежни институции за
спроведување на активностите од областа на ЗНБП/ЕБОП.
Во текот на 2006 година направено е засилување на административниот капацитет. Во МНР формирани се Одделение
за ЗНБП ( во рамки на Сектор за ЕУ), Одделение за контрола на оружје (во рамките на Секторот за мултилатерала) и
Одделение за правото на ЕУ (во рамките на Секторот за меѓународно право). Назначени се в.д. Политички директор и
Европски кореспондент. Министерството за надворешни работи и Дирекцијата за безбедност на класифицирани
информации континуирано ги надградуваат своите информатички капацитети. Министерството за надворешни работи
спроведува активности за подигнување на сигурносното ниво на VPN (virtual private network) комуникација со ДКП-ата на
Република Македонија.Во Министерството за надворешни работи, Министерството за одбрана, Министерството за
внатрешни работи и Агенцијата за разузнавање формирани се регистри на ДБКИ за странски класифицирани
информации. Во текот на 2006 година е извршено кадровско екипирање на Дирекцијата за безбедноста на
класифицирани информации со превземање на лица од другите органи на државната управа, со што, бројот на
вработени изнесува 33 лица. Центарот за управување со кризи кој стана функционален од јули 2006 е делумно
оперативен.
Политички дијалог
Република Македонија одржува редовен политички дијалог со ЕУ на билатерална основа (Совет за стабилизација и
асоцијација, Комитет за стабилизација и асоцијација и Заеднички парламентарен комитет), како и на мултилатерална
основа, заедно со останатите пет земји од ПСА, во рамките на Политичкиот форум ЕУ-Западен Балкан. Република
Македонија од декември 2003 год.редовно се придружува кон заедничките позиции, декларации и изјави на ЕУ, било врз
основа на добиена покана од ЕУ, било унилатерално. Истите континуирано се објавуваат во Службен весник на
Република Македонија.
Соработка со меѓународни организации
Република Македонија е членка на ОН, ОБСЕ, Советот на Европа и други меѓународни организации и е активен учесник
во регионалните иницијативи.
Контрола на оружјето (непролиферација на оружје за масовно уништување; извоз на конвенционално оружје;
мало и лесно оружје; производи и технологии со двојна намена)
Република Македонија во различни форуми ја реафирмираше подготвеноста да соработува со ЕУ по овие прашања, како
билатерално така и во рамките на меѓународните организации и редовно се придружува, на покана на ЕУ, кон документи
на ЗНБП од оваа сфера.
Република Македонија унилатерално ги прифати принципите и критериумите на Кодексот на ЕУ за однесување при извоз
на оружје, а се придружи и кон Заедничката позиција 2003/468/ЗНБП за контрола на посредувањето во трговијата со
оружје, Програмата на ЕУ за превенција и борба против нелегалното криумчарење со конвенционално оружје и кон
Заедничката акција 2002/589/ЗНБП за придонесот на ЕУ во борбата против дестабилизирачкото акумулирање и ширење
на мало и лесно оружје. Во јуни 2006 Република Македонија го изготви првиот Национален извештај за извоз на оружје и
истиот го достави до ЕУ. Заедничката воена листа на ЕУ е целосно вградена во Одлуката за распоредување на стоките
334
на форми на извоз и увоз (Службен весник на РМ, бр. 138/06) во која се распоредени стоките за кои надлежните
министерства издаваат дозволи за извоз и увоз.
Република Македонија и Европската Унија усвоија Заедничка декларација за неширење на оружјето за масовно
уништување (II Совет за соработка РМ-ЕУ, Брисел, 18.07.2005). На 17.01.2006 ратификувана е Конвенцијата за
нуклеарна безбедност и официјално е известена MAAE за отпочнување со работа на Дирекцијата за радијациска
сигурност. .Република Македонија во јануари 2006 година достави Извештај до Комитетот формиран со Резолуцијата
1540 на СБ на ОН за непролиферација на оружје за масовно уништување за активностите на овој план. Собранието на
Република Македонија на 31 мај 2006 го усвои Законот за забрана на развивање, производство, складирање и употреба
на хемиски оружја во функција на имплементацијата на Конвенцијата на ОН . Согласно членот 5 од Законот, Владата
формираше Комисија за имплементација на Конвенцијата. Во ноември 2006 година беа ратификувани Протоколот IV
(Протокол за оружја со заслепувачки ласер) и Протоколот V (Протокол за експлозивни остатоци од војна) од Конвенцијата
за забрана или ограничување на употреба на извесни видови конвенционално оружје за кои може да се смета дека
имаат прекумерни трауматски ефекти или дека дејствуваат без разлика на целите на ООН.
Контролата на извозот на стоки и технологии со двојна употреба во Република Македонија е регулирана со Законот за
контрола на стоки и технологии со двојна употреба од 2005 година и подзаконските акти46 кои се во согласност со
Регулативата на Советот (ЕЦ) бр. 32000Р1334 и подоцнежните измени воведени со регулативите 32003Р0149 и
32004Р1504. Формирана е Комисија за извоз на стоки и технологии со двојна употреба која еднаш месечно одржува
седници на кои се расправа по прашања кои произлегуваат од спорведувањето на законот и еднаш годишно до Владата
доставува извештај за својата работа.
На планот на контролата на малото и лесно оружје, Владата на Република Македонија усвои Национална стратегија за
контрола на малото и лесно оружје и формираше Национална комисија за нејзина имплементација. Земјата активно
учествува и во предвидените активности вп рамките на ОН, ОБСЕ и Пактот за стабилност. Во рамките на годинешното ГС
на ОН, Република Македонија ја поддржа резолуцијата во Првиот комитет за договор за трговија со оружје, според која
Генералниот секретар на ОН ќе формира група владини експерти со цел да се утврдат изводливоста, опфатот и
параметрите на предвидениот инструмент.
Република Македонија, како членка на Конвенцијата за забрана на употреба,складирање, производство и трансфер на
против-пешадиските мини и нивно уништување ја заврши постапка за уништување на сите 4000 противпешадиски мини
задржани за обука и истражување, со што ги исполни обврските од членовите 3 и 4 од Конвенцијата. На 15 септември
2006 година Република Македонија е прогласена за зона без мини. Министерот за надворешни работи потпиша
декларација за завршување на процесот на деминирање, според членот 5 од Конвенцијата, за што беше известен 7-от
состанок на државите членки на Конвенцијата. Со ова Република Македонија стана прва држава без мини во нашиот
регион.
Борба против тероризмот
Република Македонија активно учествува во глобалните активности на планот на борбата против тероризмот во рамките
на Обединетите нации, Советот на Европа, ЕУ, НАТО, ОБСЕ и други релевантни организации. Република Македонија
има пристапено на најголемиот дел од меѓународните инструменти кои се однесуваат на оваа проблематика. Во 2006 г.
беа ратификувани Конвенцијата за спречување на актите на нуклеарен тероризам (потпишана во 2005 година) и
Конвенцијата за нуклеарна безбедност на ОН. Согласно резолуцијата на Советот за безбедност на ОН 1373, Република
Македонија и во текот на 2006 година продолжи активно да соработува со Контра-терористичкиот комитет на СБ на ОН
и со неговиот Извршен директорат (CTED) чија делегација во март 2006 г. престојуваше во земјата. Врз основа на
наодите и препораките содржани во Извештајот на Директоратот од посетата, РМ во декември 2006 г. достави нов
Извештај до Контра-терористичкиот комитет на ОН. РМ ја поддржа Глобална стратегија на ОН за борба против
тероризмот (усвоена на 8 септември 2006) и се залага за имплементација на Планот за акција и мерките содржани во
Стратегијата. РМ се залага за конечно надминување на преостанатите разлики и усвојување на текстот на Сеопфатната
конвенција против тероризмот, во рамките на Шестиот комитет на Генералното собрание на ОН. Република Македонија
со свои експерти активно учествува и на состаноците на Комитетот на СЕ за борба против тероризмот. Во доменот на
регионалната соработка, во октомври 2006г. Република Македонија го потпиша Пактот за борба против тероризмот и
организираниот криминал заедно со другите шест земји од регионот (Србија, Хрватска, БиХ, Ц.Гора, Романија и
Албанија). (види и Поглајве 24 Правда, слобода и безбедност)
46 Одлука за утврдување на Листа на стоки и технологии со двојна употреба, Одлука за утврдување на Листа на држави, организации,
ентитети или поединци во однос на кои има ограничувања во извозот на стоки и технологии со двојна употреба, Правилник за
формата и содржината на образецот на барањето за издавање дозвола за извоз на стоки и технологии со двојна употреба,
Правилник за формата и содржината на образецот на дозволата за издавање дозвола за извоз на стоки и технологии со двојна
употреба и Правилник за формата и содржината на “Сертификатот за краен корисник“ при увоз на стоки и технологии со двојна
употреба
ЕБОП - Учество во операции на ЕУ за управување со кризи
Република Македонија од јули оваа година започна да придонесува кон воената операција на ЕУ во Босна и Херцеговина
Алтеа со хеликоптерски деташман од два хеликоптери Ми-8/17 и персонал од 17 лица. Во ноември оваа година
Република Македонија го зајакна придонесот кон Алтеа преку декларирање дополнителен персонал за хеликоптерскиот
деташман во Мостар како и со декларирање медицински тим за поддршка на кампот во Бутмир. Со тоа актуелниот
придонес на Република Македонија кон Алтеа се состои во два хеликоптери Ми-8/17 и вкупен персонал од 30 лица.
Поради значењето на хеликоптерскиот капацитет во рамките на Алтеа нагласено од страна на Унијата, Република
Македонија ја продолжи мисијата на хеликоптерскиот деташман по нејзиното иницијално предвидено завршување (15
јануари 2007), за период од шест месеци
На покана на ЕУ, а по стекнувањето на кандидатскиот статус, Република Македонија редовно учествува на состаноците
на ЕУ Тројката во одбраната, во рамките на неформалните состаноци на министрите за одбрана или во GAERC формат,
како и на состаноците на Воениот комитет на Европската Унија. Република Македонија во мај 2006 го декларираше
сопствениот придонес кон зајакнувањето на воените капацитети на Унијата, согласно Главната Цел 2010. Декларираниот
придонес ги содржи плановите за тековниот и идниот придонес на Армијата на Република Македонија кон воените
операции на Унијата за кризен менаџмент.
Република Македонија во октомври 2006 ја исполни и обврската за декларирање сопствен придонес кон зајакнувањето на
цивилните капацитети на Унијата, согласно Главната Цел 2008. Декларирани се вкупно 51 лица во рамките на пет
области: полиција 15, владеење на правото 16, јавна администрација 8, цивилна заштита 8 и мониторинг 4.

Националната програма за усвојување на правото на Европската унија (НПАА)

НПАА
      Националната програма за усвојување на правото на Европската унија (НПАА) е сеопфатен долгорочен документ кој ја дефинира динамиката на усвојувањето на правото на ЕУ, стратегиските насоки, политиките, реформите, структурите, ресурсите и роковите што треба да се реализираат со цел Република Македонија  да ги исполни условите за членство во Европската унија.

    Националната програма за усвојување на правото на Европската унија:
  • утврдува детален план и распоред за усогласување на националното законодавство со правото на ЕУ (acquis communautaire) и  ги определува надлежните институции и органи за негова подготовка и спроведување;
  • става посебен акцент на административните структури за спроведување на законодавството во насока на формирање нови или реформирање на постојните институции, како и за обезбедување на соодветен обучен кадар;
  • опфаќа средства од буџетот и од фондовите за странска поддршка потребни за спроведување на предвидените задачи, како основа за натамошното стратегиско планирање и за планирањето на Буџетот на Република Македонија и
  • јасно ги утврдува временските рокови за усвојување на правото на ЕУ.
      НПАА  ја следи структурата на копенхашките и на мадридските критериуми, односно ги опфаќа: политичките критериуми, економските критериумиспособноста да се преземат обврските од членството, административниот капацитетподготовката на Националната верзија на правото на ЕУ и информирањето и комуникацијата со јавноста.

      НПАА,  исто така претставува значаен извор на информации за деловниот и економскиот сектор во планирањето на идните активности и овозможува јавноста да го осознае и следи процесот на интеграција на Република Македонија во Евроспката унија. Затоа НПАА е значаен инструмент за транспарентноста на работата на Владата на Република Македонија.

      НПАА е резултат на заемната соработка на сите надлежни институции во Република Македонија во процес координиран од Секретаријатот за европски прашања и истата ќе послужи за формулирањето на преговарачките позиции на Република Македонија по започнувањето на преговорите за членство во Европската унија.  Оваа програма, за првпат усвоена во 2006 година, се ревидира и ажурира годишно со активности кои произлегуваат од редовните извештаи на Европската комисија за напредокот на Република Македонија, како и од краткорочните и среднорочните приоритети од Партнерството за пристапување.

 Линк до базата

Процес на пристапување кон ЕУ

Процес на пристапување кон ЕУ

      Македонија е земја кандидат за членство во Европската унија и очекува почеток на преговорите за членство. Наредна фаза во процесот на пристапување е добивање на датум за преговори за членство во Унијата. 
 
      Процесот на преговори за членство во Европската унија за Република Македонија ќе значи окончување на процесот на приближување кон Унијата, усвојување на нејзините придобивки и вредности, како и целосно приспособување на македонските институции кон начинот на функционирање на институциите на Унијата. Преговорите истовремено ќе значат и создавање основи и подготовка за идно успешно функционирање на Република Македонија како земја-членка на Унијата.

      Во месец февруари 2008 година, Советот на министри на Европската унија го усвои Партнерството за пристапување нa Република Македонија за 2008 година. Партнерството за пристапување содржи 8 (осум) клучни приоритети кои се услов за добивање на датум за преговори. Република Македонија очекува да го започне процесот на преговори за полноправно членство во Европската унија во текот на 2009 година. 

      Преговорите, како обемен потфат којшто се одвива со брза динамика, наложуваат целосна подготвеност на државните органи и институции и на структурите воспоставени за координација и водење на преговорите пред започнувањето на самите преговори. Повеќе за преговорите на следниов линк.

 Основниот документ на Европската унија за приоритетите на пристапувањето на Република Македонија во рамките на Стратегијата за проширување е Партнерството за пристапување.

 Главните приоритети од Партнерството за пристапување се поставени од страна на Европската комисија како услов за добивање на датум за преговори со Европската унија. Владата на Република Македонија во месец март 2008 година донесе Мерки и активности за реализација на главните приоритети од Партнерството за пристапување.

 Оценката за остварувањето на приоритетите се дава во Извештајот за напредокот, којшто Европската комисија го објавува еднаш годишно, во ноември. 

 Потоа Советот на министри на Европската унија донесува заклучоци во однос на Извештајот.

 Клучни одлкуки за напредокот на процесот на пристапување донесува Европскиот совет, на својот декемвриски самит (во заклучоците на Претседателството).

 Република Македонија ja дефинира својата европска агенда преку  Националната програма за усвојување на правото на Европската унија и други клучни документи.

 За исполнување на делот на економски критериуми, Република Македонија на годишно ниво подготвува Претпристапна економска програма (ПЕП).

 Владата на Република Македонија во ноември 2007 година ја усвои Институционалната платформа и принципи за водење на преговорите за пристапување на Република Македонија во Европската унија.

 Владата на Република Македонија редовно го известува Собранието за оствареното во врска со членството кон ЕУ, преку тримесечни извештаи.

 Месечните прегледи за напредокот коишто ги подготвува СЕП се објавени тука.

 Извештаите за напредокот на Република Македонија во процесот на пристапување во ЕУ за периодот од октомври 2008- јуни 2009 година , се објавени тука.

Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ

 Со „Основите на стратегијата на Република Македонија за стекнување на статусот придружна членка на Европската унија" од септември 1997 година,  Владата постави основи за воспоставување на систем за управување со процесот на европска интеграција. Во функција на поголема оперативност и ефикасност,  како и на сè поголемите обврски кон Европската унија, овој систем континуирано се надградуваше. Денес ја има следната структура:
  • Комитет за евроатлантски интеграции -  одлучува за политиката на земјата во процесот на европска интеграција. Со Комитетот претседава претседателот на Владата, а во него членуваат замениците на претседателот на Владата и сите министри во Владата, како и гувернерот на Народната банка на Република Македонија и претседателот на МАНУ.
  • Работен комитет за европска интеграција при Владата на Република Македонија - претседаван од заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, а негови членови се сите државни секретари од министерствата. Ова оперативно меѓуминистерско тело ги утврдува методите и динамиката за реализирање на стратегиските одлуки, политичките насоки и приоритети на Владата, а врши и следење на реализацијата на конкретни задачи.
  • Заменик на претседателот на Владата задолжен за европски прашања - управува и го координира  оперативниот дел од интеграцискиот процес, при што Секретаријатот за европски прашања обезбедува координација и усогласување на работата на органите на државната управа и другите органи и институции  во подготвката на Република Македонија за преговори и членство во Европската унија.
  • Министерство за надворешни работи - Сектор за ЕУ - одговорно за комуникацијата со европските структури преку Мисијата на Република Македонија во Брисел, за прибирање валидни и навремени информации кои влијаат на интегративниот процес, како и за пласирање на единствени ставови и позиции во европските структури. 
       Во процесот на усогласување на националното законодавството со правото на ЕУ, активно учествуваат и: Комитетот на работни групи за усогласување на законодавството, Секретаријатот за законодавство (кој дава оценка за усогласеноста на законодавството), Генералниот секретаријат при Владата (заради почитување на членот 66 од Деловникот на Владата за усогласеност со правото на ЕУ), Собранието на Република Македонија (ги усвојува законите од областа на европската интеграција, Комисијата за европски прашања во Собранието на Република Македонија и Националниот совет за евроинтеграции.

ЕВРОПА ОД А ДО Ш Прирачник за европска интеграција