Соработка Република Македонија - ЕУ

MO - Сектор за меѓународна соработка - Активности поврзани со Европската безбедносна и одбранбена политика

ECA

About Me

My photo
Сашо Трифуновски
View my complete profile

22 August, 2010

ЕВРОПА ОД А ДО Ш Прирачник за европска интеграција

Posted by Сашо Трифуновски at 1:47:00 PM
Email ThisBlogThis!Share to XShare to FacebookShare to Pinterest

No comments:

Post a Comment

Newer Post Home
Subscribe to: Post Comments (Atom)
Powered By Blogger

Blog Archive

  • ▼  2010 (6)
    • ▼  August (6)
      • Придонесот на Република Mакедонија кон глобалнат...
      • 3.31 НАДВОРЕШНА, БЕЗБЕДНОСНА И ОДБРАНБЕНА ПОЛИТИКА
      • Националната програма за усвојување на правото на ...
      • Процес на пристапување кон ЕУ
      • Систем за управување со процесот на пристапување к...
      • ЕВРОПА ОД А ДО Ш Прирачник за европска интеграција

ЕУ-МКД Линкови

  • EUROPA - The official website of the European Union
  • Delegation of the European Union to the Republic of Macedonia
  • Секретаријат за европски прашања

Followers

МАКЕДОНИЈА И ЕУ

Членството во Европската Унија е стратешки интерес на Република Македонија од нејзиното осамостојување. Oд воспоставувањето на дипломатските односи со ЕУ во декември 1995, Република Македонија се легитимираше како партнер од доверба и вистински сојузник на Европската унија, при тоа не прескокнувајќи ниту една институционална етапа во приближувањето кон Унијата: од склучување на Спогодбата за соработка, преку Спогодбата за стабилизација и асоцијација, до стекнувањето на кандидатскиот статус.

Во декември 2005 година, со стекнувањето на статусот земја-кандидат за членство во ЕУ, Република Македонија влезе во клучна фаза од процесот на европската интеграција. Одлуката на Европскиот совет за доделување на кандидатскиот стаус беше политичко признание за напредокот кој го постигна Република Македонија во остварувањето на реформските процеси и во градењето на отворено, демократско општество.

Целта на Република Македонија на среден рок е целосно да ги исполни европските стандарди за функционална демократија и просперитетна пазарна економија, оспособена да ги преземе обврските од членството во ЕУ. Агендата за пристапување на државата во ЕУ е рефлектирана во Националната програма за усвојување на правото на ЕУ (законодавни измени и мерки за институционално зајакнување на краток и среден рок), Претпристапната економска програма (мерки за исполнување на копенхашките економски критериуми) и Националниот план за развој (инвестициони приоритети за остварување на развојните цели на државата).

Главните краткорочни цели на Владата на Република Македонија во односите со Европската Унија се отпочнување на пристапните преговори и либерализација на визниот режим на ЕУ кон граѓаните на Република Македонија.

ОДНОСИ МЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ЕУ

Хронологија на односите меѓу Република Македонија и Европската Унија


• октомври 1992
Република Македонија назначи свој дипломатски претставник во Брисел

• ноември 1992
Отворање Канцеларија на ФАРЕ во Скопје

• декември 1995
Воспоставување дипломатски односи помеѓу Република Македонија и ЕУ (ова не беше можно да се постигне се до потпишувањето на Времената спогодба со Република Грција во септември 1995)

• февруари 1996
Подигнување на Мисијата на Република Македонија во Брисел на амбасадорско ниво

• март 1996
Вклучување на Република Македонија во Програмата ФАРЕ

• ноември 1996
прва средба на Делегацијата на Собранието на Република Македонија со Делегацијата на Европскиот Парламент за соработка со Југоисточна Европа

• април 1997
Потпишување на Спогодба за соработка и Спогодба за транспорт во Луксембург

• ноември 1997
Стапување во сила на Спогодбата за транспорт

• јануари 1998
Стапување во сила на Спогодбата за соработка и основање на Советот за соработка

• февруари 1998
Прв состанок на Политичкиот дијалог РМ-ЕУ

• март 1998
Прв состанок на Советот за соработка

• март 1998
Назначување на првиот Постојан претставник на Европската комисија во Република Македонија

• март 1998
Потпишување на Спогодбата за трговија со текстилни производи (со ретроактивна важност од 1 август 1997)

• март 1999
Втор состанок на Советот за соработка

• јануари 2000
Обновена и дополнета Спогодбата за трговија со текстилни производи

• јуни 1999
Европската комисија усвои Извештај за можноста за отпочнување на преговори за Спогодба за стабилизација и асоцијација со Република Македонија

• март 2000
Отворање на Делегација на ЕК во Република Македонија

• март 2000
Почеток на преговорите за склучување Спогодба за стабилизација и асоцијација

• јуни 2000
На Самитот на ЕУ во Феира беше понудена перспектива за членство

• ноември 2000
На маргините на Самитот Европска Унија- Западен Балкан во Загреб парафирана Спогодбата за стабилизација и асоцијација

• декември 2000
Вклучување на Македонија во програмата CARDS за 2002-2006 год

• април 2001
Потпишана Спогодбата за стабилизација и асоцијација и Времената спогодба за трговија и трговски прашања, во Луксембург

• јуни 2001
Стапување во сила на Времената спогодба за трговија и трговски прашања

• јануари 2002
Потпишан Протоколот за вино и алкохолни пијалоци кон ССА

• март 2003
Отпочнување на Воената мисија на ЕУ “Конкордија“ во Република Македонија

• јуни 2003
Самит ЕУ – Западен Балкан, Солун

• декември 2003
Завршување на воената мисија “Конкордија“ и отпочнување на полициската мисија “Проксима“

• февруари 2004
Донесување Декларација на Собранието на Република Македонија за поднесување барање за членство во Европската унија

• март 2004
Поднесување на барањето за членство во ЕУ

• април 2004
Стапување во сила на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, прва од редот на земјите од Процесот за стабилизација и асоцијација

• јуни 2004
Прв состанок на Комитетот за стабилизација и асоцијација

• септември 2004
Прв состанок на Советот за стабилизација и асоцијација

• октомври 2004
Претседателот на Европската комисија Романо Проди го предаде во Скопје Прашалникот на Европската комисија во врска со барањето на Република Македонија за членство во ЕУ

• февруари 2005
Предавање на Одговорите на Прашалникот на Европската комисија

• јуни 2005
Втор состанок на Комитетот за стабилизација и асоцијација

• јули 2005
Втор состанок на Советот за стабилизација и асоцијација

• август 2005
Стапи на сила Протоколот кон Спогодбата за стабилизација и асоцијација во однос на пристапувањето на 10 нови членки во ЕУ

• август 2005
Стапи на сила Спогодбата за безбедносните процедури за размена на класифицирани информации меѓу РМ и ЕУ

• ноември 2005
Европската комисија усвои Мислење во врска со барањето на Република Македонија за членство во Европската Унија со препорака за доделување статус на земја-кандидат за членство во ЕУ

• декември 2005
Европскиот совет одлучи на Република Македонија да и додели статус на земја-кандидат за членство во Европската Унија

• декември 2005
Завршување на полициската мисија "Проксима"

• март 2006
Форум Европска Унија-Западен Балкан на ниво на министри за надворешни работи во организација на Австриското претседателство со Европската Унија, Салцбург

• јуни 2006
Потпишување на Хоризонталната спогодба меѓу РМ и Европската заедница за некои аспекти на воздухопловните услуги, Луксембург

• септември 2006
Трет состанок на Комитетот за стабилизација и асоцијација, Скопје

• ноември 2006
Објавен Редовниот извештај на Европската комисија за напредокот на Република Македонија во 2006 г.

• декември 2006
Трет состанок на Советот за стабилизација и асоцијација, Брисел

• февруари 2007
Политички форум Европска Унија-Западен Балкан на ниво на министри за надворешни работи, Брисел

• април 2007
Парафирање на Спогодбата за олеснување на визниот режим и на Спогодбата за реадмисија во Брисел

• мај 2007
Завршени преговорите за измена на Спогодбата за стабилизација и асоцијација во однос на пристапувањето на Бугарија и Романија во Европската Унија

• 14-15 јуни 2007
Четврти состанок на Комитетот за стабилизација и асоцијација, Брисел

• 24 јули 2007
Четврти состанок на Советот за стабилизација и асоцијација, Брисел

• 19 септември 2007
Потпишани Спогодбата за олеснување на визниот режим и Спогодбата за реадмисија со ЕУ

• 6 ноември 2007
Објавен Редовниот извештај за напредокот на Република Македонија во 2007, Стратегијата за проширување во 2008 и нацртот на Пристапното партнерство

• 27 ноември 2007
Собранието усвои Резолуција за приоритетите за пристапување на Македонија во ЕУ и за отворање преговори за членство во ЕУ

• 27-28 ноември 2007
Одржан Четвртиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет Република Македонија – Европски Парламент, Брисел

• 13 декември 2007
Во Лисабон се потпишани Реформскиот договор и Договорот за функционирање на ЕУ

• 25 декември 2007
Собранието на Република Македонија основа Национален совет за евроинтеграции

• 1 јануари 2008
Стапија на сила Спогодбата за визно олеснување и Спогодбата за реадмисијата со ЕУ

• 20 февруари 2008
Отворен Дијалогот за либерализација на визниот режим со Европската комисија, Скопје

• 5 март 2008
Објавена Информацијата на ЕК “Западен Балкан: зајакнување на европската перспектива“

• 23 април 2008
Усвоена Резолуција на Европскиот Парламент за напредокот на Република Македонија во 2007

• 28-29 март 2008
Неформален состанок на Министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ и земјите од З.Балкан

• 18-19 септември 2008
Петти состанок на Комитетот за стабилизација и асоцијација, Скопје

• 5 ноември 2008
Објавен Редовниот извештаj на Европската комисија за напредокот на Република Македонија во 2008

• ноември 2008
Владата на Република Македонија усвои Скица за реализација на препораките содржани во Извештајот на Европската комисија

• 28 ноември 2008
Европската комисија подготви "Иницијална оценка за имплементација на Патоказот за визна либерализација на Република Македонија"

• 8 декември 2008
Во Брисел се одржа Петтиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација

• 15 декември 2008
Собранието на Република Македонија усвои Резолуција за приоритетите во 2009 година во процесот на пристапување на Република Македонија кон Европската унија

• 10-11 март 2009
Во официјална посета на Република Македонија, престојуваше Премиерот на Чешката Република, Мирек Тополанек, во својство на Претседател на Европскиот совет

• 12 март 2009
Европскиот парламент во Стразбур, со 478 гласови "за", 92 "против" и 42 "воздржани", усвои Резолуција за напредокот на Република Македонија во 2008 година, врз основа на Извештајот на европратеникот Ерик Мејер

• 28 март 2009
Неформален состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ и земјите од Западен Балкан, Хлубока, Чешка Република

• 18 мај 2009
Европската Комисија подготви „Финална оценка за имплементација на Патоказот за визна либерализација на Република Македонија“

• 4-7 јуни 2009
Избран нов пратенички состав на Европскиот Парламент за периодот 2009-2014 година и брои 736 члена

• 18-19 јуни 2009
Во Брисел се одржа Шестиот состанок на Комитетот за стабилизација и асоцијација

• 14 јули 2009
Европратеникот Јержи Бузек од Полска избран за претседател на Европски Парламент, на конститутивната седница во Стразбур

• 15 јули 2009
Европската комисија го усвои Предлогот на Советот на ЕУ за измена на Регулативата 539/2001 за префрлување на Република Македонија на „позитивната“ Шенген листа

• 27 јули 2009
Во Брисел се одржа Шестиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација

• 4-5 септември 2009
Неформален состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ и земјите од Западен Балкан, Стокхолм, Шведска

• 29 септември 2009
Европратеникот Зоран Талер од Словенија е именуван за нов известител на Европскиот Парламент за Република Македонија

• 14 октомври 2009
Објавен Редовниот извештај на Европската комисија за напредокот на Република Македонија во 2009 година во кој Комисијата му препорача на Советот усвојување одлука за почеток на преговорите

• 3 ноември 2009
Владата на Република Македонија усвои Акциски план за активности со рок на исполнување до декември 2009 година, согласно препораките од Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија

• 16 - 17 ноември 2009
Министерски форум Европска Унија – Западен Балкан за правда и внатрешни работи, Брисел

• 27 ноември 2009
Објавен новиот состав на членовите на Европската комисија, чиј претседател останува Жозе Мануел Баросо

• 30 ноември 2009
Советот на ЕУ донесе финална Одлука за укинување на визниот режим на Европската унија кон Република Македонија, со стапување на сила од 19 декември 2009 година

• 1 декември 2009
Стапи на сила Лисабонскиот Договор

• 7 и 8 декември 2009
Состанок на Советот за општи работи на ЕУ, на кој беше усвоен заклучок прашањето за почеток на пристапни преговори со Република Македонија повторно да се разгледува за време на Шпанското претседателство со ЕУ

• 29 декември 2009
Владата на Република Македонија ја усвои Националната програма за усвојување на правото на ЕУ за 2010

• 20-22 јануари 2010
Одржан Неформален состанок на министрите за правда и внатрешни работи, Толедо, Шпанија

• 5-6 март 2010
Одржан нефрмален состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ (Гимних формат)

Спогодба за стабилизација и асоцијација
Република Македонија беше прва од земјите од регионот која склучи Спогодба за стабилизација и асоцијација со Европската унија (ССА). Спогодбата, која беше потпишана во април 2001 и стапи на сила во април 2004 година, претставува основна правна рамка за билатералната соработка се до зачленувањето во ЕУ. Со неа се унапредија институционалните механизми за одржување на редовен дијалог со Унијата. Совет за стабилизација и асоцијација e највисокото институционално тело кое заседава еднаш годишно на ниво на министри за надворешни работи. Комитетот за стабилизација и асоцијација е оперативно тело кое го следи исполнувањето на обврските кои произлегуваат од ССА, во чии рамки се формирани 7 поткомитети: Поткомитет за правда, слобода и безбедност; Поткомитет за иновации, информатичко општество и социјална политика; Поткомитет за транспорт, животна средина, енергетика и регионален развој; Поткомитет за внатрешен пазар и конкуренција; Поткомитет за економски и финансиски работи и статистика; Поткомитет за земјоделство и рибарство и Поткомитет за трговија, индустрија, царина и даноци.
Парламентарната соработка во контекст на ССА се одвива во рамките на Заедничкиот парламентарен комитет.

МНР/МО/СМС/ОддEБОП/Сашо. Simple theme. Theme images by Sookhee Lee. Powered by Blogger.