Алтеа
Придонесот на Република Македонија во Алтеа претставуваше прв придонес на земјата во рамките на воена операција предводена од Европската Унија. Придонесот кон ЕУ операцијата во БиХ, Алтеа започна (од ноември 2006) со декларирање на хеликоптерски деташман составен од два хеликоптери Ми-8/17 (и персонал 21). По три ротации на хеликоптерскиот деташман и четвртата ротација (јануари –јули 2008) која се изврши со само еден транспортен хеликоптер Ми-8/17 (и персонал 12), во јули 2008 година заврши хеликоптерскиот придонес на Република Македонија кон ЕУ операцијата Алтеа. По огромната загуба на 11 македонски мировници во хеликоптерската несреќа на враќање од успешно завршената хеликоптерска мисија во Алтеа, придонесот (со вкупно 12 лица) на Република Македонија кон ЕУ операцијата Алтеа продолжува со ROLE 1 медицински тим (10 лица) на Кампот во Бутмир (од ноември 2006), правен советник (1) и подофицер за превентивна медицина (1) во Командата на ЕУФОР. Во ЕУ операцијата Алтеа досега учествувале 143 македонски мировници, симболизирајќи го на тој начин македонскиот придонес кон Заедничката европската безбедносна и одбранбена политика и кон регионалниот мир и стабилност.
Во текот на 2010 година Република Македонија го продолжува учеството со истиот обем на лица (вкупно 12). Во тек е осмата ротација на медицинскиот тим, седмата ротација на помошникот правен советник и шестата ротација на подофицерот за превентивна медицина.
Придонесот на Република Македонија кон операцијата Алтеа претставува потврда на цврстата определба на Република Македонија за силен придонес кон Европската безбедносна и одбранбена политика (ЕБОП) и Заедничката надворешна и безбедносна политика (ЗНБП) на Унијата, како и потврда на севкупните напори на Република Македонија за интеграција во Европската Унија.


No comments:
Post a Comment